Сигурица на денот: Ливерпул во победнички ритам ќе го чека дуелот за трофеј со Арсенал

За англискиот првак Ливерпул веќе пред неколку дена заврши одморот. Гигантот од „Енфилд роуд“ веќе одигра и еден контролен меч на кој без многу проблеми со 3:0 славеше против Штутгарт. Попладнево Ливерпул има нов тест, кој треба да е малку потежок од претходниот.

Англискиот гигант ќе игра пријателска средба против Салцбург. До пред една година, овие два тима немаа одиграно ниту еден меч, а сега само за неколку месеци ова ќе биде трета нивна пресметка. Ливерпул и Салцбург беа во иста група од Лигата на шампионите и одиграа два интересни меча. Фаворитот двапати победи, но Салцбург посебно добро одигра на гости, кога даде три гола.

Мечот се игра на „Салцбург арената“, а бројот на гледачите ќе биде ограничен само на 1.250.

Овие клубови негуваат пријателски односи, а тројца играчи кои некогаш играле за Салцбург, сега се во дресот на Ливерпул. Секако, најпознат од нив е Садио Мане. Тренерот на Ливерпул, Јирген Клоп, сигурно нема да сака да му се наруши атмосферата во тимот и ќе сака со победа да ги заокружи овие мини-подготовки пред саботниот дуел против Арсенал во Комјунити шилд против Арсенал.

Комплетната понуда на пријателските мечеви кои се играат денеска може да ја најдете на Sport Life.

 

- Оглас -

Најнови вести