Сигурица на денот: Со победа се враќаат во елитното друштво во една од Топ 5 лигите

Екипата на Тулуз беше еден од оние несреќни клубови кои за време на пандемијата со Коронавирусот испаднаа од Лига 1 во Франција, откако челниците решија предвреме да ја завршат сезоната, a Тулуз беше во зоната за испаѓање.

Тимот кој речиси две децении беше редовел во елитното француско друштво мораше да игра во втора лига, но сега е дојдено време за враќање меѓу најдобрите. Тулуз е лидер на табелата, а вечерва игра против Ниор, во дуел од 35. коло.

Доколку Тулуз успее на домашен терен да победи, ќе стигне до 76 бодови и ќе има дури 11 повеќе од Оксер кој е третопласиран со 65 бодови, на само три кола до крајот. Освен мотивот за враќање во Лига 1, на страната на Тулуз е и добрата форма во која е тимот, кој сезонава пред своите навивачи има 12 победи, само четири нерешени и еден пораз.

Ниор е на средината на табелата, без шанси да испадне или да се бори за влез во Лига 1, па мали се мотивите на гостите да дадат отпор на мотивираниот домаќин.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести