„Сигурица на денот“ – Волкановски ќе ја одбрани светската титула против Халовеј

Александер „Велики“ Волкановски, доцна вечерва во Абу Даби ќе ја брани титулата светски првак во ултимејт фајт во перолесна категорија и тоа против Макс Халовеј, човек од кој ја земе титулата во декември, па ова е реванш. Австралиецот со македонско потекло е фаворит на хартија, а и квотите во Sport Life го потврдуваат тоа.

Волкановски на УФЦ 251 настанот ќе ја има една од трите борби за титула. Тој ќе го брани појасот против добро познат противник и најавите се дека борбата ќе биде спектакуларна, без многу тактизирање.

Волкановски кој има 31 година, во УФЦ има скор 8-0 и првпат во кариерата е во улога на бранител на титулата, а не предизвикувач. Негов хендикеп е што е прилично понизок од противникот, но побрз е, има подобар тренер, па ќе се обиде да влезе во клинч и блиска борба која повеќе му одговара.

- Оглас -

Најнови вести