Комбинација фудбал, кошарка и хокеј го сочинуваат денешниот Супер тип на Sport Life. Осум фудбалски дуели има, а возбудувањата ќе започнат уште во 13:30 часот кога се играат два меча. Египетскиот гигант Замалек е фаворит на свој терен и „кецот“ е 1.40. Коњаспор во Турција треба да слави на гости, а квотата за „двојка“ е 1.92.
Меѓу сигуриците треба да бидат победи на Евертон против Питербро, Фулам да слави над Ватфорд, а Глазгов ренџерс да победи кај Данди.
Од кошарката, во Евролигата се играат неколку дуели. Панатинаикос да го победи Партизан е со квота 1.50, а Монако дома игра против Барселона и „кецот“ е 1.52. Од НБА има три средби и тоа Детроит да победи против Голден Стејт, а фаворити на гостински терен се Минесота кај Орландо, односно Хјустон на гостувањето кај Мемфис.