Сигурно ќе ве интересира: Кои се најскапите ракометари во Вардар во последниве 10 години? (Видео)

Ракометниот клуб Вардар дефинитивно е најубавата спортска приказна во Македонија во изминативе години. Црвено-црните од „Јане Сандански“ во последните неколку сезони се промовираат во европски гигант, а доказ за тоа се и двете европски титули на кои се радуваше цела држава.

Во 2017 година, Вардар на спектакуларен начин со победи против Барселона и ПСЖ стигна до континенталниот трон, а во 2019 година го повтори истиот подвиг. Поради пандемијата со корона-вирусот и одложениот фајнлфор во Келн, Вардар уште е официјален европски владетел.

You Tube каналот Handball TV во изминативе неколку дена прави листа на најплатени играчи. Откако беа обелоденети платите кои ги земале ракометарите на Веспрем и Барселона, на ред стигна и Вардар. Преку графички приказ е покажано колку пари на месечно ниво добивале ракометарите на Вардар кои биле дел од клубот во периодот од 2010 до 2020 година.

Според приказот, Игор Карачиќ со 15.500 евра месечна плата бил најскапиот ракометар кој играл во Вардар, додека веднаш зад него со по 15.000 евра месечна плата се Тимур Дибиров и Даинис Криштопанс. Легендарниот голман Арпад Штербик заработувал 14.800 евра, а Лука Циндриќ имал плата од 12.500 евра. Четворица ракометари добивале по 10.000 евра месечно.

https://youtu.be/RkB2yKN5ego

- Оглас -

Најнови вести