Македонскиот претставник во квалификациите од Лигата на шампионите, Силекс, денеска го дозна својот потенцијален ривал во втората рунда од квалификациите, во случај да ја мине првата во која игра со азербејџански Карабах.
Кратовци поради тоа што за ривал добија незгоден противник со поголем рејтинг, беа меѓу носителите, па ако го минат Карабах, потоа ќе се сретнат со Шериф Тираспол од Молдавија или Фола Еш од Луксембург.
На денешната ждрепка се извлекуваа и парови од тимови кои не беа прваци, а доаѓаат од поквалитетните лиги, па така интересна двојка за второто коло ќе биде Бешикташ – ПАОК, а од шампионите може да има и дуел Лудогорец – Митјиланд, доколку Бугарите го елиминираатѕ црногорски Будуќност.