Екипата на Силекс од Кратово беше на второто место на табелата во моментот кога ланското првенство беше прекинато поради пандемијата со Коронавирусот. Иако заостануваа со двоцифрен број поени зад лидерот Вардар, кратовци ја искористија лошата финансиска состојба во најтрофејниот македонски клуб и профитираа.
Вардар не доби лиценца за настап во Европа, па Силекс како второпласиран ја доби шансата да игра во квалификациите од елитната лига на УЕФА. Денеска на пладне е закажана ждрепката за првото квалификациско коло од ЛШ, каде е и Силекс.
Во улога на аутсајдер, Силекс е дел од петата група, каде има четири клубови. Како можни ривали во првото коло, Силекс ќе добие еден од четирите понудени: Астана (Казакстан), Карабах (Азербејџан), Макаби Тел Авив (Израел) или Динамо Тбилиси (Грузија). Според рангот на ривалите, грузискиот тим е најдобра опција за Силекс.