30.8 C
Skopje
сабота, 13 септември 2025

Силекс го победи Работнички, а и Брера дојде до првата победа

Брера стигна до првата победа, трумфирајќи над Шкупи со 1-0, а Силекс веќе има „пет од пет“ откако го солада Работнички со 3-1 во Кратово.


Во Струмица, одлучи голот на Кире Стојанов во 85-тата минута. Тој доби топка на левата страна, успеа да се ослободи од противникот и да погоди во спротивниот агол, но во прв момент беше досуден офсајд. Сепак, по триминутна проверка на ситуацијата во ВАР собата, голот на Стојанов беше признат.

Силекс продолжува да „гази“ во прволигашкото друштво. Кратовци го отворија резултатот со голот на Хрвановиќ во 43.минута, кога со удар со глава го совлада Василев.

Во 61-та минута, Ади Алиќ зголеми на 2-0, откако го надмудри директниот чувар Велкоски, а Работнички постигна гол за надеж од пенал, преку Џелил Асани во 79-тата минута.

Силекс ги запечати трите бода со голот на Давид Матески во финишот од мечот.

- Оглас -

Најнови вести