Силекс го победи Вардар и направи мешаница во трката за опстанок

Силекс го победи Вардар минимално со 1:0, но и тоа беше доволно за да се освојат посакуваните три бода, во 34. коло на Прва лига. Бобан Георгиев го даде единствениот гол и тоа од пенал во 33 минута. Со оваа победа Силекс стигна до 41 бодови, колку што има и Македонија Ѓорче Петров, додека Работнички и Ренова се со по 43 бодови. Шанса да се спаси има и Беласица, која денеска одигра 2:2 против Шкупи. Струмичани имаат 38 бодови.

Според овој распоред на табелата, последните две кола ќе решаваат кој ќе се приклучи на испаднатата Победа. На врвот на табелата нема дилеми. Шампионот Шкендија со убедливи 4:1 славеше против „фенерџијата“ и стигна до 76 бодови.

Резултати: Победа – Шкендија 1:4, Работнички – Македонија ЃП 2:0, Ренова – Академија Пандев 1:1, Шкупи – Беласица 2:2, Силекс – Вардар.

Табела: Шкендија 76 бодови, Вардар 60, Академија Пандев 57, Шкупи 44, Ренова 43, Работнички 43, Македонија ЃП 41, Силекс 41, Беласица 38, Победа 23 бодови.

- Оглас -

Најнови вести