Силекс го врати шампионот 10 чекори назад од титулата

Силекс продолжи со добрите игри кои му носат долга серија без пораз од октомври лани, а и денеска теренот во Кратово беше лизгав за шампионот Шкендија.

Во дербито на 20. коло двете екипи ремизираа без голови шро е неуспех за актуелниот првак од Тетово, кој е сега далеку точно 10 чекори зад лидерот Вардар.

Силекс се задржа на третата позиција со 31 бод и во ваков случај би играл квалификации за Европа Лигата.

Во останатите два меча што се играа од 14 часот Работнички со пресврт го победи Шкупи со 2:1 во локалното скопско дерби. Јунак на „романтичарите“ повторно беше младинскиот репрезентативец Давид Тошевски, кој ги постигна двата гола за домаќините и тоа во второто полувреме.

Стрелец за Шкупи беше Бесир Исени во 39. минута, но чаирчани останаа со празни раце. Во Тетово со головите на Миовски и на Кадриу Ренова ја победи Струга Трим Лум со 2:0.

Резултати, 20. коло: Силекс – Шкендија 0:0, Работнички – Шкупи 2:1, Ренова – Струга 2:0, Македонија Ѓ.П. – Академија Пандев 1:0, Борец – Вардар 0:1.

Табела: Вардар 42, Шкендија 32, Силекс 31, Македонија Ѓ.П. 29, Академија Пандев 27, Шкупи 25, Струга 24, Ренова 22, Работнички 21, Борец 20.

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести