Силекс и АП Брера остварија убедливи победи на гости против Работнички, односно против Шкупи. Последнопласираните две екипи на табелата немаа никакви шанси за успех на денешните натпревари од 16-тото коло во Првата фудбалска лига.
Силекс славеше со 0-3 против Работнички на Националната арена „Тодор Проески“ во Скопје. Двоен стрелец беше Мартин Мирчевски, а погоди и Дарко Додев. Сите три гола беа постигнати во првото полувреме.
АП Брера го победи Шкупи на гости во Струга со 1-3.
Во првото полувреме АП Брера брзо ја презеде иницијативата и дојде до предност со головите на Емрах Макиќ во седмата минута и Зоран Ивановски во 17-тата минута. По паузата, гостите го зголемија водството, Миле Тодоров реализираше по брза контра и со прецизен лоб во 51-та минута го совлада голманот на Шкупи.
Домаќините успеаја да намалат дури во самата завршница, кога капитенот Ерион Шуку погоди за утешни 1-3.
Есента завршува утре, со натпреварот меѓу Арсими и Пелистер.

