Силекс и Пелистер одиграа 2-2 во првиот дуел од второто коло во Првата македонска фудбалска лига, па после стартните победи, сега двата тима имаат по четири бода. Овој меч за Силекс беше генерална проба пред пресметката со Карабах во квалификациите од Лигата на шампионите, па затоа и се играше порано.
Фазлиу во 6-та минута ги шокираше домашните, а потоа Силекс направи пресврт и поведе со головите на Мустафов пред крајот на првото полувреме и на Ивановски во 53-та минута. Танушев кој е поранешен член на Силекс, со гол од слободен удар израмни на 2-2 во 76-та минута.
Утре играат Работнички – Беласица, а в недела се дуелите Академија Пандев – Вардар, Борец – Ренова, Шкендија – Струга Трим Лум, и Шкупи – Македонија Ѓорче Петров.