Силекс играше колку да учествува, Македонија остана без тим во ЛШ пред да заврши актуелниот циклус (Видео)

Азербејџанскиот првак Карабах беше убедлив и со победа од 4:0 го елиминира Силекс во првото квалификациско коло за настап во фазата по групи во Лигата на шампионите.

Кратовци беа инфериорни и испаднаа во момент кога сè уште не е завршена актуелната сезона во Лигата на шампионите и каде што вечерва од 21 часот ќе се игра првото полуфинале меѓу Лајпциг и Пари Сен Жермен.

Тие височини и фаза на натпревари се недостижни за македонските екипи и веќе трета деценија од 1992 година, кога натпреварувањето беше ребрендирано од Куп на европските шампиони во Лига на шампиони, ќе немаме претставник во фаза по групи.

Карабах беше подобар во Баку вечерва и веднаш на стартот со голот на Хаиме Ромеро најави дека ќе патува во следното коло.

Шпанецот со искуство од настапи во Серија А и од Ла Лига погоди во 11-тата минута за 1:0, а потоа следуваа два гола на репрезентативецот на Хаити, Вајлд Доналд Гверие.

Првиот гол Гверие го постигна во 40-тата минута, а потоа и на стартот од вториот дел, во 51-вата минута на асистенција на Ромеро пак ја затресе мрежата на Божиновски за убедливи 3:0.

 

За покер во мрежата на гостите од Кратово се погрижи Емрели со погодок во 80-тата минута и за убедлива победа на домашниот тим од 4:0.

Карабах ќе игра во следната рунда, а Силекс веќе е елиминиран по првиот меч што го одигра како претставник на Македонија, на местото на шампионот Вардар, кој не доби лиценца за настап во ЛШ.

 

- Оглас -

Најнови вести