Дуелите Тиквеш – Силекс и Арсими – Македонија Ѓорче Петров ја сочинуваат денешната прволигашка понуда од македонскиот елитен клупски фудбал.
Квотите во Sport Life ги фаворизираат домаќините од Кавадарци, иако кратовци се погоре на табелата со 11 бодови повеќе од Тиквеш. Ситуацијата на табелата е таква што на домашните повеќе им требаат бодовите, бидејќи се борат за избегнување на бараж за опстанок. Силекс веќе нема шанси за прво или второ место, па излез во Европа ќе бара преку евентуално освојување на Купот на Македонија. Последните десет меѓусебни дуели на овие екипи беа со 0-2 гола.
Во Гостивар, Арсими ги пречекува Лавовите во дуел на два тима кои се борат за опстанок. Квотите му даваат предност на Арсими кој уште нема победа против ѓорчепетровци во меѓусебните дуели.


