26.8 C
Skopje
понеделник, 11 август 2025

Силекс има четири победи по ред против Брера, квотите велат дека и денес ќе победи (Фото)

Екипите на Силекс и Брера ќе го затворат првото коло од Првата македонска фудбалска лига со меѓусебен дуел на „Градскиот стадион“ во Кратово. Домашните се фаворити на овој меч, тоа може да се заклучи од квотите во Sport Life, со оглед на фактот дека Силекс има квота за победа од 1.35.

Кратовчани минатата сезона беа подобропласирани од Брера, а во прилог им оди и традицијата, која вели дека Силекс има четири победи по ред против денешниот противник. Минатата сезона Силекс победуваше со 4-0 во Кратово, но и со 0-1, односно 0-2 во Струмица.

„И покрај тоа што ние имавме настапи во Европа и порано почнавме со подготовките, добро знаеме дека секогаш првите натпревари се тешки за играње за кој било тим. Можеби сме фаворити на хартија на овој прв натпревар во новата сезона, но треба да се оправда сето тоа и на теренот. Влегуваме во мечот без потценување кон противникот и мислам дека ако бидеме вистинските, од нас ќе зависат многу работи од овој дуел со Брера. Голем респект кон Брера, на секој натпревар ќе истрчаме без потценување кон никого и сметам дека ако бидеме на вистинското ниво, ќе издвојуваме победа“, вели тренерот на Силекс, Александар Васоски.

Во таборот на Брера се надеваат дека ќе ја започнат сезоната со позитивен резултат, а тоа за нив би било и реми во Кратово.

„Брера продолжува по истиот модел. Тимот е делумно променет, но филозифијата е идентична, млади фудбалери желни за докажување се јадрото на нашиот состав. На почетокот одиме во Кратово, навистина тешко гостување, но подготвени сме да прикажеме сѐ што знаеме и се разбира дека очекуваме позитивен резултат. Ако не загубиме во Кратово, мислам дека тоа ќе биде добар исход за Брера од првото гостување во новата сезона. Работевме напорно во подготвителниот период и желни сме да почнеме со првенствените искушенија. Максимален респект за Силекс, тие се одличен тим, лани завршија на втората позиција, а ова лето учествуваа и во европските купови. Во секој случај, голем предизвик за нас и ќе се обидеме да одговориме со успех“, вели фудбалерот на Брера, Мартин Ѓорѓиевски.

- Оглас -

Најнови вести