Силекс има четири победи по ред против Работнички и квотата е одлична по петти пат да слави

Денеска се играат четири натпревари од 13-то коло во Првата македонска фудбалска лига, додека останатите два меча, кои се најинтересни ќе се играат утре.

Од денешните дуели, највозбудливо треба да биде на мечот меѓу поранешните шампиони Работнички и Силекс. Силекс по 12 кола се наоѓа на четвртото место на табелата со 12 освоени бода, додека Работнички е деветти со 13 бода.

Романтичарите се наоѓаат во лоша серија од три порази по ред, а квотите најавуваат дека се поблиску до победата. Квотата за победа на Работнички во Sport Life изнесува 2.11 додека таа за триумф на Силекс кој славеше на последните четири меѓусебни меча е 3.12.

Возбудливо се очекува да биде и во Штип каде Брегалница игра против Македонија ЃП. Првиот дуел кој се играше во Скопје заврши со минимален триумф на Лавовите, но штипјани се наоѓаат во подобра серија, во последните четири кола имаат по две победи и ремија. Македонија ЃП пак загуби на два од последните три меча.

Во останатите два меча, Тиквеш го пречекува новиот прволигаш Гостивар и е фаворит за победа, додека Воска спорт игра против Брера Струмица.

Денес ќе се одиграат и осум натпревари од 11-то коло на второлигашката конкуренција.

Двојки – денес 13 часот:

Арсими – Тетекс
Детонит Плачковица – Новаци
Скопје – Башкими
Каменица Саса – Охрид
Караорман – Осогово
Кожуф – Беласица
Пелистер – Беса
Вардар Неготино – Победа

- Оглас -

Најнови вести