16.8 C
Skopje
понеделник, 1 септември 2025

Силекс испадна од Дечиќ во контроверзен меч

Победата од 2-1 беше пирова за Силекс и недоволна да го надомести минусот од два гола што го имаше против црногорски Дечиќ.

Кратовци со пресврт дојдоа до водство, силно притискаа во финишот да се изборат за продолженија, но не успеаја да постигнат трет гол.

Можеби приказната ќе беше поинаква ако не беше рано примениот гол во третата минута, кога голманот Ѓеков прими кикс гол, или ако судијата не го поништеше голот на Силекс за 2-1 во финишот на првото полувреме.

Во квалификациите за Конференциската лига нема ВАР, па кратовци попусто се жалеа за спорно поништениот гол поради наводен фаул во напад кој му претходеше на погодокот.

- Оглас -

Најнови вести