13.8 C
Skopje
недела, 15 февруари 2026

Силекс ја шокираше Струга во голема драма

Екипата на Силекс со голем пресврт успеа да триумфира со 3-2 на тешкото гостување кај Струга Трим Лум во дербито на ова коло во Првата македонска фудбалска лига.

Струга е трета со седум бодови помалку од Вардар, а еден помалку од Шкендија која сега е втора и од која стружани беа надиграни во минатото коло. Силекс е четврти, со 6 бода помалку од Струга.

Денеска Струга на полувреме имаше предност, водеше и со 2-1, а Компаоре кој беше стрелец за 2-1, даде гол и за 3-1, но судијата го поништи. Ова како да делуваше демотивирачки за стружани, па непосредно после тоа се случи голем пресврт.

Кратовци во 81-ва и 85-та минута дадоа два гола, стрелци беа Николовски и Пиреш и освоија големи три бода. Во 90-та минута Струга имаше голема шанса за 3-3, но на крај се радуваа гостите.

- Оглас -

Најнови вести