Силекс рано, уште во трета минута даде гол за 1-0 и си го отвори патот до лесна и убедлива победа од 4-0 против подмладениот тим на Вардар. За кратовци ова е веројатно најубедлива победа во историјатот на меѓусебните дуели против Вардар во Скопје. После три кола во првата лига сезонава, Силекс има дадено 12 гола, што е просек од четири по меч.
Македонскиот претставник во квалификациите за Лигата на шампионите беше поразен од Карабах и експресно елиминиран со 4-0, но во домашната лига Силекс со игрите во воведните три кола, најавува кандидатура за титулата.
РЕЗУЛТАТИ, 3. КОЛО: Беласица – Шкупи 0-2, Македонија Ѓорче Петров – Шкендија 0-1, Ренова – Академија Пандев 2-0, Пелистер – Работнички 0-0, Вардар – Силекс 0-4, Струга Трим Лум – Борец 1-0.
ТАБЕЛА: Силекс, Шкупи и Шкендија по 7 бода, Ренова и Пелистер по 5, Работнички, Борец и Струга по 4, Македонија ЃП и Вардар по 3, А. Пандев и Беласица се без бодови.