Напаѓачот Кристијан Велиновски е најновото име во тимот на Силекс. 26-годишниот офанзивец го засилува клубот од Кратово по ангажманот од босанскиот ГОШК Габела.
Силекс со овој трансфер потег добива играч со меѓународно искуство и офанзивен профил кој може да донесе разновидност и брзина по крилните позиции.
Велиновски се приклучува на тимот во период кога Силекс активно ја комплетира играчката слика за новата сезона, пред настапот во квалификациите на Конференциската лига, а посакува да биде и сериозен ривал на домашната сцена.