24.8 C
Skopje
сабота, 23 август 2025

Силекс со нова убедлива победа без примен гол, го презеде врвот во Првата лига

Силекс ја совлада Македонија Ѓорче Петров со 3-0 во единствениот денешен прволигашки натпревар, па со гол-разлика од 11-0 после три кола, кратовци се првопласирани на табелата во македонското елитно натпреварување.

Екипата на Александар Васоски има една службена победа над Шкупи, а со Брера и Лавовите од Ѓорче победуваше убедливо без примен гол, па тоа им носи место на врвот, макар и привремено барем до утре, можеби и до следната недела.

Освен Силекс, максимални 9 бода има само уште Струга Трим Лум, а може да им се приклучи и првакот Шкендија која утре го пречекува Арсими. Колото завршува в понеделник со мечевите Башкими – Тиквеш и Пелистер – Шкупи.

- Оглас -

Најнови вести