Дарко Додев со два гола беше јунак на Силекс во победата од 3-1 над Пелистер во единствениот денешен прволигашки меч.
Со победата и оправданата фаворитска улога, тимот од Кратово дојде на 21 бод, два помалку од лидерот Струга Трим Лумм а во следното коло Силекс му гостува на Вардар кој утре игра дерби со Шкендија во Тетово.
За некогашниот македонски репреззентативец Милан Стојановски, ова беше прволигашко деби како тренер на клупата на Пелистер, но засега и тој не успева да ја подобри ситуацијата во тимот кој е во опасната зона на табелата, а испадна и од Купот. После голот на Спировски во 62-ра минута, битолчани малку се осоколија и беа поопасни, но во 87-ма минута Говедарица даде гол со кој стави точка на дилемите.

