Силен старт на Милионерите во 2024, на два меча во Бундеслигата даде седум гола

Борусија Дортмунд одлично ја започна 2024 година и во двата меча од вториот дел од Бундеслигата оствари две убедливи победи. По триумфот над Дармштад од 3:0 на гости, денеска со 4:0 славеше над Келн, исто така на гостински терен.

Дони Мален постигна два гола за Милионерите, Никлас Фулкруг исто така се запиша во листата на стрелци, а конечниот резултат го постави Јусуфа Мукоко. Со оваа победа, Борусија дојде до 33 бода, колку што има и Ред Бул Лајпциг.

Ајнтрахт Франкфурт и во вториот меч славеше на гости, овој пат од 2:1 над Дармштад. Нилс Нкунку и Ансгар Кнауф му донесоа водство од 2:0 на Ајнтрахт, додека голот за Дармштад беше дело на Јустван.

Фрајбург и Хофенхајм го одиграа најефикасниот натпревар во Бундеслигата денеска, домаќинот со гол на Салаи во 85-та минута славеше со 3:2, а без победник заврши дуелот меѓу Хајденхајм и Волфсбург (1:1).

- Оглас -

Најнови вести