Силен ветер го нападна авионот на шампионот, за среќа, безбедно слетаа фудбалерите на Манчестер сити

Фудбалската експедиција на Манчестер сити имаше големи проблеми на враќањето од Лисабон, а незгодни налети на ветер не дозволија да слетаат во Манчестер, па авионот беше пренасочен кон Ливерпул.

Целата ситуација беше незгодна за англискиот шампион, но, за среќа, безбедно слетаа на англиска почва.

Сити беше убедлив во Лисабон и со 5:0 го декласира Спортинг во првиот осминафинален меч во Лигата на шампионите и веќе е четвртфиналист.

Навивачите на популарните Граѓани на шега на социјалните мрежи објавуваат дека поголеми проблеми играчите имале со летот кон дома отколку со ривалите од Португалија на теренот.

 

- Оглас -

Најнови вести