Силен ветер, земја лета на сите страни, тенисерите ништо не гледаа (Видео)

На тенискиот турнир во хрватскиот приморски град Умаг, еден меч мораше привремено да биде прекинат, затоа што силниот ветер го попречуваше нормалното одвивање на дуелот на Марко Чекинато и Александар Шевченко.

Во еден момент ветерот дуваше толку силно, што топчето беше тешко да се контролира, а земја им влегуваше на тенисерите во очи. Периодов во Хрватска имаше големи невремиња, па делуваше дека и денеска може да има потоп.

Такво нешто немаше, мечот продолжи подоцна и заврши со победа на Италијанецот Чекинато.

https://twitter.com/i/status/1684216687002898433

- Оглас -

Најнови вести