Силни зборови од Бекер: Се надевам дека Новак никогаш нема да престане да игра

Поранешниот тренер на Новак Ѓоковиќ, германската тениска легенда Борис Бекер, беше воодушевен од финалето на Мастерсот во Синсинати и посака Србинот никогаш да не се пензионира.

„Се надевам дека Ѓоковиќ никогаш нема да престане да игра тенис. Ова се дуели од кои срцето на тенисот чука побрзо. Најуспешниот на сите времиња против најдобриот во својата класа и моментален број 1 на светската листа, не може да замислите ништо подобро. Тоа беше фантастичен меч“, рече Бекер.

Бекер даде свое мислење и за тоа колку тренерите се важни во тенисот.

„Дали е важен тренерот? Одговорот беше финалето во Синсинати. Алкарас имаше голема поддршка од тренерот во текот на мечот и Новак имаше поддршка од стручниот штаб. Тоа е тоа што сакате да го видите, чиста емоција. Двајцата тенисери го оставија срцето на терен“, додаде Бекер.

- Оглас -

Најнови вести