Пари Сен Жермен ќе игра во четвртфиналето на Лигата на шампионите, а за четвртиот патник на „Енфилд роуд“ ќе одлучуваат продолженија од двапати по 15 минути, а можеби и пенали.
ПСЖ со головите на Нејмар и на Бернат во првото полувреме ја победи Борусија Дортмунд во реваншот на празниот „Парк на Принцовите“ и со вкупен резултат од 3:2 е четвртфиналист.
На „Енфилд роуд“ единствено Вајналдум успеа да ја погоди мрежата, а Ливерпул и Атлетико Мадрид ќе мораат на бис и во продолженија бидејќи двата меча завршија со победи на домашните екипи од по 1:0.