20.8 C
Skopje
понеделник, 18 август 2025

Силувачот Гринвуд може слободно да тренира со соиграчите од Манчестер јунајтед

Мејсон Гринвуд во моментов се наоѓа на слобода откако неговите адвокати ја платија кауцијата. Но, по изминати 14 дена од целата случка со силувањето и тепањето на неговата девојка Хериет Робинсон, тој има право да се врати на тренинг со соиграчите од Манчестер јунајтед.

Иако раководството на тимот го суспендира, сепак, според англискиот законик, тој може да тренира со првиот тим, а клубот ќе мора да му ја исплаќа целосната плата сè додека не му го раскине договорот.

Сепак, и да дојде во тренинг-центарот, голема е веројатноста дека тој би бил добро прифатен од соиграчите, особено кога и така атмосферата во клубот е нарушена со лошите резултати во последно време.

Според англиските медиуми, Гринвуд го очекува затворска казна од најмалку три години, а со тоа може да се каже дека и неговата фудбалска кариера е предвреме завршена.

- Оглас -

Најнови вести