Силувачот Гринвуд остана и без спонзори, а полицијата отвори постапка против него

Фудбалската кариера на Мејсон Гринвуд може да се каже дека е завршена. Младиот играч на Манчестер јунајтед од кого се очекуваше многу, сега е под истрага.

Неговата поранешна девојка Хериет Робсон на социјалните мрежи објави слики каде што е претепана и тврди дека е нападната од фудбалерот.

Манчестер јунајтед очекувано објави дека играчот ќе биде отстранет од тимот сè додека случајот не биде комплетно разрешен, а неговиот спознор „Најки“ направи нешто слично.

„Ја прекинуваме соработката со Мејсон Гринвуд поради наводните обвинувања за силување“, се вели во соопштението на „Најки“.

Дваесетгодишниот фудбалер денеска беше задржан во полициската станицата во Манчестер, каде што е и официјално отворена кривична постапка против него.

Со оглед на тоа дека доказите на големо се против него, со сигурност го очекува затворска казна од неколку години.

- Оглас -

Најнови вести