Силва даде гол во првата победа на Челзи во 2024 година, па прослави, а сопругата се пофали колку потрошиле

Челзи без многу проблеми го победи Престон со 4:0 во ФА Купот на „Стемфорд Бриџ“, а стрелец на еден од погодоците беше Тијаго Силва. Бразилскиот дефанзивец ретко се запишува во листата на стрелци,  а токму овој гол против Престон беше причина за Силва да прослави заедно со неговата сопруга.

Триумфот над Престон беше прв за Челзи во 2024 година, а Силва и неговата сопруга Изабела биле во ресторан каде сметката изнесувала 900 фунти.

Изабела самата ја постирала сметката од ресторанот на социјалните мрежи и од таму може да се види дека најскап бил батакот од кралскиот рак (95 фунти), потоа 85 фунти чини пекиншката патка, а „гункан“ сушито било 70 фунти. Има и неколку коктели и секој од чини по 35 фунти.

„Едноставна семејна вечера“, е пораката од Изабела која ја постирала сметката без да ја скрие цената која е платена за таа вечера. Ресторанот во кој вечерале е познат по тоа дека секој гостин кој ќе влезе едноставно мора да потроши минимум 50 фунти.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести