Силва со провокација: Сакам ваков притисок, а не сакам да се борам за Конференциска лига

Манчестер сити и Реал Мадрид одиграа фантастичен прв меч од полуфиналето во Лигата на шампионите, по кој премиерлигашот има предност од 4:3.

По натпреварот, Бернардо Силва даде навистина провокативна изјава до ривалите на Сити во Премиер лигата.

„Го сакам овој притисок и многу ми е поубаво кога си под притисок да ја освоиш титулата и да се пласираш во финалето од Лигата на шампионите, отколку да се бориш за четвртото место или за новата Конференциска лига, или како и да се викаше“ изјави Силва по натпреварот.

Португалецот беше еден од најдобрите фудбалери вчеравечер и постигна навистина прекрасен гол во вториот дел.

 

- Оглас -

Најнови вести