Симбол за успех – Франција има златна амајлија во тимот што не знае да загуби финале (Фото)

Рафаел Варан е чудо и е голем адут на Франција како да се сопре Лионел Меси и да се одбрани светската круна на Мундијалот во Катар.

Стоперот на Манчестер јунајтед имаше проблеми со вирус, но заздраве навреме и ќе игра и тоа како стартер за Франција против Аргентина во големото финале за Златната божица од 16 часот.

Варан има нестварна статистика и победи во 15 финалиња од вкупно 17 на кои играл, што е речиси 90 посто успешност.

Тоа изгледа неверојатно, но вистинито е дека 29-годишниот стопер има дури 20 пехари во различни категории.

https://twitter.com/livescore/status/1604359555353190400?s=20&t=6wFygyLkjS46olJqM9XTNw

Беше светски првак со Франција пред 4 години, а сега ќе атакува на третиот пехар на Мундијалите за Триколорите и негов втор.

Со Реал Мадрид 4 пати беше европски првак и трипати шпански шампион.

Со Кралскиот клуб има и еден пехар од Копа Дел Реј, три Суперкупа на Европа и уште три на светско ниво, а беше и првак со Франција во Лигата на Нации.

Денеска ќе игра за 21-от трофеј во кариерата што му е пребогата со пехари.

 

- Оглас -

Најнови вести