Симболична е цената на билетите за финалето во Купот

Фудбалската федерација на Македонија како организатор на финалниот меч во Купот реши симболични да бидат цените за дуелот меѓу Вардар и Струга ТЛ.

Финалето ќе се игра на 21 мај на арената „Тодор Проески“, а во оптек ќе има билети за Северна, Јужна и Западна трибина.

За Север и Југ билетите ќе бидат по 100 денари, за Запад билетите се по 50 денари. Вардар е рекордер со пет титули во Купот, но дури 18 години не бил дел од финалето. Струга ТЛ ќе се обиде да стигне до првиот Куп-трофеј, а ќе го игра второто финале.

- Оглас -

Најнови вести