Симболика – Меси влезе во игра на местото на човекот што е најзаслужен за трансферот во ПСЖ (Видео)

Лионел Меси доби шанса да дебитира за Пари Сен Жермен вечерва против Ремс, а симболично влезе на местото на Нејмар, човекот што е меѓу најзаслужните за неговото доаѓање во Париз.

Меси за првпат игра за друг клуб, освен Барселона, каде што ја мина целата професионална кариера. Беше член на Каталонците 21 година и летово го напушти клубот и се пресели во ПСЖ.

https://twitter.com/LinDick_/status/1432073973240635399?s=20

Гостите од Париз водат со двата гола на Килијан Мбапе против Ремс, а токму 22-годишниот напаѓач се очекува да си замине од ПСЖ и да се пресели во Реал Мадрид.

- Оглас -

Најнови вести