Актуелниот светски шампион Челзи е на прагот да донесе големо заислување во своите редови за следната сезона. Се работи за одличниот 22-годишен офанзивец Чави Симонс, кој неодамна најави дека нема да игра за Лајпциг,бидејќи екипата не успеа да обезбеди пласман во Лигата на шампионите.
Желбата на младиот холандски интернационалец е да ја продолжи кариерата во Премиер лигата, а до неодамна фаворит за неговиот потпис беше Арсенал. Сепак, Симонс ја одбил понудата од Топчиите и им дал насоки на неговиот менаџерски тим да преговараат само со Челзи.
Според најпознатите фудбалски инсајдери, личните услови помеѓу фудбалерот и Сините веќе се договорени, а сега останува само да се договори обесштетувањето кое ќе го плати Челзи.
Вредноста на 22-годишниот фудбалер во моментов изнесува 70 милиони евра.