Симеоне донесе конечна одлука, по 11 години си оди во Атлетико, но не се сели во Премиер лигата

Тренерот на Атлетико Мадрид, Диего Симеоне, по завршување на сезоната, ќе ги напушти Јорганџиите, објави шпанската ТВ-емисија „Ели Чирингито“.

Според новинарот Пако Гарсија, Симеоне ги известил челниците на Атлетико Мадрид дека на крајот од сезоната ќе си замине од „Ванда Метрополитано“.

Диего Симеоне цели 11 години го води Атлетико Мадрид и стана вистинска легенда на Јорганџиите, а во исто време е омилен кај навивачите. Атлетико под водство на Симеоне, кој најчесто форсираше дефанзивен стил на игра со агресивен пристап, ги оствари најголемите успеси во клупската историја.

Атлетико со Симеоне како тренер, секоја сезона ја завршуваше меѓу четирите најдобри екипи во Ла Лига, притоа беа освоени две титули во Ла Лига, две титули во Лигата на Европа, една титула во Кралскиот куп, еден шпански Суперкуп и двапати триумфира во европскиот Суперкуп.

Како идна дестинација на Симеоне не се споменува Премиер лигата, туку Серија А. Според новинарот Гарсија, голем интерес за Сименоне пројавува Интер.

- Оглас -

Најнови вести