Симеоне е најплатениот тренер, а Мбапе играчот со најголема заработка во Ла Лига

Диего Симеоне е најплатениот тренер во Ла Лига. Според весникот „Лекип“, месечната бруто-плата на стратегот на Атлетико Мадрид изнесува 2,17 милиони евра. Многу зад него се Карло Анчелоти од Реал Мадрид со 910.000 евра и Ханси Флик од Барселона со 830.000 евра.

Треба да се напомене дека станува збор за бруто-износи, односно суми пред одбитоците за даноци и придонеси.

Покрај тоа, во Атлетико Мадрид нема ниту еден фудбалер кој заработува повеќе од тренерот Диего Симеоне. Најдобро платен играч во клубот е голманот Јан Облак, кој месечно инкасира 1,57 милиони евра.

Во целата Ла Лига, лидер по месечна плата меѓу фудбалерите е ѕвездата на Реал Мадрид, Килијан Мбапе, со 2,67 милиони евра. Светскиот шампион од 2018 година го надминува својот соиграч Винисиус јуниор, кој е веднаш зад него на оваа листа за финансиска заработка.

- Оглас -

Најнови вести