Симеоне го провоцира Реал: „Добро е ако потпише Мбапе, ние освојувавме првенство против Меси, Кристијано Роналдо …“

Тренерот на Атлетико Мадрид, Диего Симеоне, има свој коментар околу можниот трансфер на Килијан Мбапе. Тој истакнува дека тоа е добро бидејќи ќе се зголеми квалитетот на лигата, но неговиот клуб нема од што да се плаши.

„Тоа би било одлична работа за лигата, така ќе бидеме уште подобри. Сите фудбалери коишто доаѓаат во Шпанија го креваат квалитетот. Финансиски овој трансфер нема да биде никаков проблем за Реал Мадрид. Ако не се случи оваа година, тогаш сигурно ќе биде следната. Ние го освојувавме првенството против Лионел Меси, Андрес Иниеста, Алексис Санчес, Чави, Бускетс …. Кристијано Роналдо, Герет Бејл, Карим Бензема … Тоа е фудбалот, на терен не играат имињата“, самоуверен е Симеоне.

- Оглас -

Најнови вести