18.8 C
Skopje
четврток, 21 август 2025

Симеоне ја коментираше прославата на голот на Роналдо

Диего Симеоне толку многу се радуваше по победата на Атлетико Мадрид од 2-0 во првиот меч, но тоа се покажа дека било прерана радост. Јувентус синоќа направи голем пресврт и со триумф од 3-0 против „јорганџиите“ продолжи понатаму во Лигата на шампионите. Симеоне беше разочаран, но призна дека неговиот тим бил послаб.

„Бевме притиснати и на крајот мораме да му честитаме на играта на Јувентус. Едноставно бевме надиграни. Јувентус беше подобар и заслужено оди понатаму. Сигурно дека и ние многу грешевме, но Јувентус едноставно тактички беше подобар и заслужено победи“, рече Симеоне.

Тренерот на Атлетико беше запрашан за тоа што мисли за прославата на Роналдо при постигнување на третиот погодок. Португалецот се израдува речиси на ист начин како што тоа го направи Симеоне во Мадрид по вториот погодок на Атлетико. Радоста на Кристијано може да ја погледнете ТУКА.

„Роналдо e најдобриот играч во светот. Само тој може да одигра толку добро на толку важен меч. Тој виде што направив јас на првиот меч на ’Ванда Метрополитано’ и како мене, и тој го покажа својот карактер “, додава Симеоне.

Јувентус и Манчестер сити се двата тима кои синоќа обезбедија место во четвртфиналето. Вечерва се играат последните два осминафинални реванш дуели меѓу Барселона – Олимпик Лион (0-0 по првиот меч) и Баерн – Ливерпул (0-0).

 

- Оглас -

Најнови вести