1.8 C
Skopje
понеделник, 12 јануари 2026

Симеоне јавно им се извини на Флорентино Перес и на Винисиус јуниор

Неколку дена по дербито меѓу Атлетико и Реал, тренерот Диего Симеоне изрази жалење за односот кон Винисиус јуниор. Во четвртокот двата тима се сретнаа во Саудиска Арабија, во вториот полуфинален натпревар од турнирот за Суперкупот на Шпанија.

Тимот на Чоло загуби со 1-2, а во текот на средбата тој влезе во конфликт со бразилскиот напаѓач.

„Прво и најважно, сакам да им се извинам на Флорентино (Перес) и на Винисиус за инцидентот од оној ден. Не беше правилно и затоа сакам јавно да се извинам“, изјави Симеоне.

За случајот од Џеда се појавија информации дека прво напаѓачот упатил иронични забелешки кон тренерот на Атлетико.

„Да, да, ќе ви досудат пенал“, рекол Винисиус, по што Симеоне му одговорил со:
„Флорентино ќе те продаде“ и „Слушни, публиката повторно те исвиркува“.

Реал Мадрид загуби со 2-3 во финалето од Барселона. Тренерот на Атлетико и за тоа имаше свој коментар.

„Тимот кој победи е оној кој го заслужува, така што немам што повеќе да додадам. Барселона е многу добар тим и заслужено победи“, истакна Симеоне.

- Оглас -

Најнови вести