Симеоне му одговори на Гвардиола дека не е глупав, а кога слушна дали би му помогнал на Реал Мадрид, се налути и си отиде (Видео)

Тренерот на Атлетико Мадрид, Диего Симеоне, е познат како еден од најимпулсивните стратези во Европа, а тоа го покажа и синоќа, на дуелот против Манчестер сити. Атлетико не успеа да му даде гол на англискиот тим и поради тоа беше елиминиран во четвртфиналето од Лигата на шампионите.

Во финишот на мечот се случи мешаница, а Симеоне беше еден од главните актери во тој хаос. По завршување на дуелот, аргентинскиот стратег на прес-конференцијата изјави дека не е глупав иако некој сака да го понижи. Тоа беше порака за Пеп Гвардиола.

„Воопшто не ме интересира дали некој зборува добро или лошо за мене. Тие луѓе што имаат широк вокабулар на зборови се доволно интелигентни да те фалат, но во исто време и да те презираат. Нашиот вокабулар можеби е помал од нивниот, но и ние не сме глупави“, рече Симеоне.

https://twitter.com/i/status/1514492722110992386

Следен противник на Сити во полуфиналето од Лигата на шампионите ќе биде градскиот ривал на Атлетико Мадрид, Реал. Симеоне беше запрашан дали размислувал со некои совети да му помогне на Реал Мадрид во обидот да биде елиминиран Манчестер сити, а тренерот на Атлетико кратко одговори „никогаш не би го направил тоа“, се налути и си замина.

 

- Оглас -

Најнови вести