Симеоне не мрда од Атлетико, Јорганџиите знаат дека Чоло е клучот за успехот

Аргентинскиот стратег Диего Симеоне ќе продолжи да биде на чело на Атлетико Мадрид откако го потпиша новиот договор што го обврзува да остане на клупата барем до јуни 2027 година.

Симеоне е човекот кој буквално го прероди Атлетико Мадрид кога пристигна во 2011 година. Пред да дојде популарниот Чоло на клупата, Јорганџиите имаа 10 сезони по ред во кои не можеа да завршат во Топ 3 на табелата. Со доаѓањето на Симеоне, Атлетико веќе 12 години е меѓу најдобрите три на крајот од сезоната.

Откако дојде Симеоне, вкупно осум трофеи пристигнаа во витрините на Атлетико, од кои два беа шампионски од Примера дивисион и два од Лигата на Европа.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести