Симеоне останува тренер на Атлетико Мадрид, но повеќе нема да биде најплатен тренер на светот

Диего Симеоне се договори со Атлетико Мадрид да потпише нов тригодишен договор, објавија шпанските медиуми.

Официјалниот потпис на договорот се очекува да биде ставен најдоцна до крајот на месецов, а најверојатно ќе се случи за време на паузата во Ла Лига поради репрезентативните настапи.

Интересно е што Симеоне се согласил драстично да му биде намалена платата, дури за 45 отсто, со што повеќе нема да биде најплатен тренер на светот.

Диего Симеоне на клупата на Атлетико Мадрид седна во 2011 година и со Јорганџиите освои две титули во Лигата на Европа, како и две титули во Ла Лига и во европскиот Суперкуп.

- Оглас -

Најнови вести