Симеоне останува во Атлетико, ќе ги води “јорганџиите“ до 2027-мата година

Договорот на Диего Симеоне со Атлетико Мадрид завршуваше следното лето, па затоа се погласни беа шпекулациите дека тој ќе се пресели во Саудиска Арабија. Сепак, денес дојде крајот на тие гласини, со оглед на тоа дека Чоло го продолжи договорот со “јорганџиите“ и ќе остане на нивната клупа се до 2027-мата година.

Диего Симеоне најголем дел од неговата играчка кариера мина во Атлетико Мадрид, каде настапуваше од 1993-тата до 1997-мата година, и вторпат од 2003-тата до 2005-тата и забележа 167 настапи.

Тој на клупата на Атлетико Мадрид дојде во 2011-тата година и освои осум трофеи. По двапати ја освојуваше шпанската Ла Лига, Лигата на Европа и Супер купот на Европа, додека по еден трофеј освои во Купот и Супер купот на Шпанија.

- Оглас -

Најнови вести