15.8 C
Skopje
сабота, 27 септември 2025

Симеоне: По 75 години повторно му даваме пет гола на Реал Мадрид

Атлетико Мадрид го совлада Реал Мадрид со 5-2 во дербито на седмото коло на Ла Лига. Откако убедливо го победи дербито, тренерот Диего Симеоне даде свој коментар.

„Од почеток до крај, тимот секогаш знаеше што треба да прави, дури и при примените голови. Кога тимот е вака посветен и го пренесува тоа на теренот, тоа прави тренерот да биде многу среќен“, изјави Симеоне.

„Минале 75 години од последниот пат кога постигнавме пет гола против Реал Мадрид. Немам што да додадам освен дека се обидуваме да продолжиме да напредуваме. Нашите навивачи беа неверојатни – нивната кореографија на почетокот и однесувањето за време на мечот беа фантастични. Тоа создава енергија и самодоверба кај играчите“, истакна тренерот на Атлетико Мадрид.

- Оглас -

Најнови вести