Атлетико Мадрид покажа дека му одговара аутсајдерската улога против Јувентус, па вчера на „Ванда Метрополитано“ му удри шлаканица на италијанскиот првак во победата од 2-0. Колку беше значајно да се дојде до овој триумф покажа и Диего Симеоне, а со неговата невкусна реакција по првиот погодок покажа зошто го носи прекарот „Чоло“ (див човек).
„Знам дека не беше убаво од моја страна што го направив тоа, но имав потреба да им покажам на нашите навивачи дека имаме мадиња. Не се однесуваше тоа за противничката екипа, напротив. Тоа го направив и како играч на Лацио, но без намера да навредам некого од другата страна. Се извинувам ако некој се навреди, но ми дојде од срце“, истакна Симеоне.
„Јорганџиите“ сега имаат три недели да се подготвуваат за реваншот во Торино. Со голема самодоверба ќе го чекаат тој дуел бидејќи традицијата вели дека Јувентус никогаш не успеал да се пласира во наредната фаза кога во првиот дуел губел со 2-0.
https://www.youtube.com/watch?v=Ho2H9uhi1S0