Очекувано беше Атлетико Мадрид на гостувањето во Манчестер против Сити да игра дефанзивен фудбал, но и покрај тоа, англискиот тим успеа да победи. Граѓаните славеа со 1:0, што е најава за интересен реванш во Мадрид.
Атлетико во добар дел од мечот играше во формација со петмина во одбраната и петмина во средниот ред, без ниту еден фудбалер во нападот. Токму оваа формација е причина за тоа што Атлетико Мадрид не успеа да упати ниту еден удар кон противничкиот гол.
Диего Симеоне е на чело на Атлетико од декември 2011 година и повеќе од 10 години е предводник на Јорганџиите, а ова е првпат екипата да не упати ниту еден удар кон противничкиот гол.
0 – Atletico Madrid have failed to attempt a single shot in a game in all competitions for the first time under Diego Simeone. Dominated. pic.twitter.com/safTKl8QuZ
— OptaJose (@OptaJose) April 5, 2022