Симеоне позадоволен од Флик по лудото реми 4-4

Барселона и Атлетико Мадрид синоќа одиграа спектакуларен меч со осум гола, по четири на двете страни, а и двата тима стопија негатива од два гола минус.

По натпреварот, позадоволни беа Јорганџиите од Мадрид, кои водеа со 2-0 по првите 6 минути, но во 93-тата минута се спасија од пораз.

Тренерот на Атлетико, Диего Симеоне, беше задоволен од борбениот дух на неговиот тим, а незадоволен што примиле два гола од прекин по корнери.

„Измените ни дадоа на свежина и храброст во нападот. Момците покажаа натпреварувачки дух кој ми се допаѓа. Барселона е многу тежок противник, но и ние имаме свои оружја. Ме нервира тоа што ни дадоа два гола од прекини. Мора да ја подобриме нашата игра во тој дел. Со ривал како Барселона, невозможно е да не примиш гол. За да ги победите, треба да постигнете повеќе голови. Не е лесно да се изедначи на 4-4 по 2-4 на нивен терен“, изјави Симеоне.

Неговиот колега од Барселона, Ханси Флик, жали за испуштената победа.

„Разочаран сум од резултатот бидејќи гледајќи го начинот на којшто игравме, требаше да победиме. Пропуштивме премногу шанси за гол во последните минути. Ќе мора да разговарам со тим за головите што ги примивме. Се надевам дека може да ги исправиме грешките. Задоволен сум од 95 проценти од работите, незадоволен сум од 5 проценти и мора да работиме на тоа. Можеме да победиме во Мадрид“, рече Флик.

- Оглас -

Најнови вести