Тренерот на Атлетико Мадрид, Диего Симеоне, рече дека е тажен што и со 6 освоени бода на три меча во групната фаза го напуштаат Светското клупско првенство. Им пресуди тоа што загубија убедливо од ПСЖ, па победата над Ботафого од 1-0 не беше доволна.
„Разочарани сме што не поминавме понатаму. Бевме во силна група со победниците на Лигата на шампионите и Копа Либертадорес. Добро е што освоивме шест бода во групата, но натпреварот против ПСЖ, поништениот гол и недосудениот пенал нè осудија на пропаст. Повеќе од јасно ни е што треба да подобриме, а ова ни помага да се подобриме. Сакам да му честитам на противникот, кој се бранеше како што требаше да се брани. Генерално, горд сум на работата на момците. Дадовме сè од себе. Победивме на два од три натпревари… И, за жал, бевме елиминирани“, рече Симеоне.