Симеоне: Ретко ја гледам Барселона, не знам како му оди таму на Гриeзман!

Дербито помеѓу Барселона и Атлетико Мадрид ќе го одбележи денешниот ден во фудбалскиот свет, а „војната со зборови“ почна вчера на прес-конференцијата на Јорганџиите. Тренерот Диего Симеоне не сакаше премногу да зборува за противниците, но ги пофали дека се еден од најдобрите тимови на светот. Сепак, Атлетико нема да се предаде и до последен здив ќе се бори за трите бода против тим кој во лигашки меч не го победиле 10 години.

Една од поинтересните работи ќе биде да се види како Антоан Гриезман ќе се однесува во дуелот со неговиот поранешен клуб, Французинот лани за 120 милиони си замина од Атлетико и премина во Барса, но не ги оправда очекувањата, веројатно поради тоа што нема „хемија“ помеѓу него и првата ѕвезда Лионел Меси.

„Не ја гледам Барселона често и затоа не можам да дадам реален коментар за игрите на Гриезман таму. Јас се фокусирам на мојот тим, ме интересираат само моите играчи“, рече Симеоне, кому проблем ќе му биде неиграњето на еден од главните столбови во средниот ред, Коке.

- Оглас -

Најнови вести